На депонијата Дрисла се уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој појасни дека депониите тешко се гаснат со вода бидејќи внатре се одвиваат хемиски и биолошки процеси кои предизвикуваат појава на запиливи гасови.
На терен, како што рече Ангелов, дејствува ер-трактор кој со посебна пена ќе се обиде да ја ублажи состојбата. Во однос на чадот, Ангелов уверува дека тоа е помало во однос на вчерашниот ден и очекува дека во вечерните часови истото да биде сосема намалено или дека ќе прекине.
Во врска со депонијата Вардариште, Ангелов информира дека на неа нема ниту горење, ниту чад.
„Депонијата Вардариште ќе биде детално обезбедена и веќе е анганжирана агенција за обезбедување а нејзина екипа веќе е на терен на депонијата“, кажа Ангелов.
Најави и дека ќе биде изработен детален план за да се спречи непосакуван влез во неа, и обиди за повторно потпалување, бидејќи како што потсети Ангелов, постојат сомненија дека и Вардариште и Дрисла се намерно потпалени.
Ангелов потсети дека веќе има кривична пријава и притвор за три лица кои користеле диви отпади,а кои откупувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до металот во нив.
„Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува“, кажа Ангелов.
Текстот Дрисла се уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата Вардариште е превземен од МАКФАКС.