Драмскиот и куклен театар „Враца“ ќе гостува во Велес и Скопје со комедијата „Гимнастика за трудници“ на авторката Здрава Каменова. Режисер на претставата е Петринел Гочев а во истата учествува актерката од Народен театар „Иван Вазов“ Гергана Змијчарова.

Претставата ќе се игра во градот Велес со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Билетите по цена од 200 денари можете да ги закупите на билетарата на театарот.

Во Скопје претставата ќе се одигра на 28 ноември со почеток од 20 часот во Драмски театар. Билетите можат да се подигнат од билетарата на театарот.

Авторката на текстот Здрава Каменова предупредува дека „постои голем ризик гледачите да преминат низ повеќе емоции од смеа до солзи и обратно, по неколку пати“.