Пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи не се појави на денешната седница за гласање доверба на Владата, по што на барање на ВМРО-ДПМНЕ дадена е пауза од еден час. Тој се огласи на социјалните мрежи порачуваќи дека не е за оваа, но не е ниту за другата власт. Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, БЕСА, Алтернатива и Левица немаат кворум и мнозинство за рушење на оваа власт.