Четриесет и четиригодишна гостиварка вчера (16 март) во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека во нивната семејна куќа околу 15 часот физички била нападната од нејзиниот син Ф.Н.(22). Според пријавеното, тој во нападот користел и дрвен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.