Авионот со кој патувала селекцијата на Германија по враќањето од Исланд и победата од 4:0 морал принудно да слета. Имено, според првичните информации, авионот наеднаш почнал да губи висина и се наведнал на десната страна. Принудно слетал во Единбург за детални проверки.

-Нашиот лет е пренасочен кон Единбург како би се направила безбедносна контрола на авионот. Сите се добро и стрпливо чекаат додека персоналот мирно и професионално си ја врши својата работа“, порачаа од Фудбалската федерација на Германија.