Неколку часа траеше драмата утринава кај ТЦ Мавровка во центарот на градот. Непознат маж качен на седмни спрат на тераса од зграда, се закануваше дека ќе скокне. Но, на крајот по интервенцијата на полицијата заврши во полициска станица. Откако беше пријавено дека маж сака да скокне од зграда, веднаш пристигнаа полициски и медицински екипи како и пожарникари. По неколку часа, драмата заврши со приведување на лицето.