Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност -Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Грчец, скопско, соопштија од МВР.
– Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби. Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.