Државниот просветен инспекторат во вторник ќе ја разјасни дилемата доколку се побарани пари од учениците за да добијат свидетелства.
Директорот, Ардијан Муслиу, за Алсат изјавил дека не може да открие ништо за извршениот увид во одредени училишта се додека не заврши извештајот.
Во меѓувреме, Унијата на средношколци повторно ги прозваа средните училишта: Зеф Љуш Марку-Скопје, “8 септември“ и “Никола Штејн“-Тетово како и “Мирче Ацев“-Прилеп за да ги вратат парите на учениците.
„Вратете ги парите затоа што ова е единствениот начин да се реши овој проблем. Жално е да се наплатува за свидетелства особено во учебна година реализирана онлајн и со многу предизвици и во однос на наставата и во однос на обуката на наставниците“, повика Унијата на средношколци.
Директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ Фарук Зеќири негира дека се земени пари од учениците за сведителства.