СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и К.К.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 04.03.2021, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект каде биле затекнати 110 лица кои се забавувале на семејна веселба-свадба.
Од инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, пријавениот бил лишен од слобода и спроведен во просториите на СВР Тетово.