Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција го претстави Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети беше градоначалник на Тетово од 2009 до 2013, исто така како кандидат на ДПА, па загуби од Теута Арифи.

-Досега држев предавања како професор во Приштина и Тетово. Го гледам градот во овие два мандати, јас изгубив, и сакам да пробам уште еднаш да видам дали е била вистинска таа победа на оваа градоначалничка што е сега, да видиме, да се бориме подобро да биде. Претпоставувам дека подобро сум работел од неа. Треба повеќе да се ангажираме околу градот во Тетово, помошта да биде поголема од централната власт. Осум години ништо нема направено. Очекувам поддршка од граѓаните на Тетово, сите што ме сретнале ме бараат. Јас сум градски човек, и ми викаат сите и претседателот на ДПА ми предложи ајде уште еднаш да пробаме. Ова е локална власт поддршката е најглавна од граѓаните, рече Сади Беџети.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека има простор Сади Беџети да добие поддршка од сите партии освен од ДУИ.

Сади Беџети, кој е роден 1957 година, освен градоначалник на Тетово бил и ректор на Универзитетот во Тетово.