Демонстрантите од граѓанската иницијатива „Доста е“, со транспаренти денеска се собраа пред Влада за да го изразат револтот за високите сметки за струја. Но, кога застанаа пред Влада, еден полицаец им рече да се повлечат надвор од кругот на владата.
Кренар Лога од Иницијативата „Доста е“, потсети дека уште во јули лани, премиерот Заев ветил дека ќе го намали ДДВ-то од 18 на 5%.
„Граѓанската иницијатива „Доста е“ како втора точка уште во јули 2020 година го постави намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5%. Доколку оваа држава се стреми кон членство во ЕУ, овој предлог и оваа директива мора да се спроведат, друг излез нема. Во секоја членка на ЕУ, ДДВ-то за електрична енергија е од 5 до 9%, зависно од моќта и економскиот развој. Ако сакаме да се зачлениме во ЕУ, треба да им се придржуваме на правилата и директивите кои ги одредува ЕУ“, истакна Кренан Лога.
Минатат недела претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вети дека поскапување на цената на струјата нема да има и покрај намаленото производство од хидрокапацитетите во државата.
„ЕСМ има обврски да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата и тоа по цена која сама си ја определува, бидејќи РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ за струјата. Дали ќе увезува дополнително или не, тоа од аспект на цена не е битно, бидејќи во калкулациите на РКЕ влегува цената која ја нуди ЕСМ и во рамките на таа цена ЕСМ ќе си ги покрие своите трошоци за увоз на електрична енергија“, посочи Марко Бислимовски.
Активистите рекоа дека нема да се откажат од нивните барања оставајќи ги зад себе транспарентите, кои веднаш беа тргнати од полицајците.