Од почетокот на пандемијата со ковид-19 до 12 септември во Македонија се регистирани 6.277 смртни случаи. Од нив 31 здравствен работник ја загуби битката со ковид-19, починале и седум бремени жени, а извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека починале и петмина пациенти кои се водат дека вторат биле инфицирани со коронавирус.

Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 8 април 2021 година =49).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет.

Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 371 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 5.906 (94,1%) починале во хоспитални услови.

ИЈЗ регистира дека највисок морталитет има во Прилеп и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

Репродукцискиот број на заразени од COVID-19 (R0) во . Македонија изнесува 0,97 заклучно со 12.09.2021, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Вчера Министерството за здравство објави дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.