Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Митко Димитров соопшти дека досега 22 македонски државјани добиле помош за напуштање на украинската територија.
Според последните информации двајца македонски државјани со автобус организиран од Генералниот Конзулат на Бугарија во Одеса патуваат до украинско-молдавската граница.