Владата на денешната 178 седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.

Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални услуги, меѓу кои: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, Дневни центри за поддршка на лица со интелектуална попреченост, раководени од страна на Републичка Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје, Мал групен дом во Кавадарци, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кавадарци, и Центар за згрижувачки семејства во Битола, раководен од страна на ЈУ Мајчин дом во Битола,

Донација добиваат и Дневен центар за Даунов синдром во Скопје, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Дневен центар за лица со попреченост, раководени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица, Дневен центар за лица со попреченост, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Куманово, Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари, раководен од страна на граѓански организација Здружение за заштита на правата на детето – Скопје, Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ во Скопје и други.