Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија. Ова го изјави бугарскиот премиер Г’л’б Донев на брифинг со новинарите во врска со неможноста многу Бугари да се поклонат на гробот на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари, пренесува Трибуна.
„Разочаран сум од реакцијата на политичарите во Скопје за договорот што го имавме за нормално одржување и неспречување на положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Знаете дека се обидоа да ја попречат и официјалната бугарска делегација, вели Донев.
Тој додаде дека наредил да се изврши проверка на сите институции инволвирани во овој инцидент.























