НОВИНАРОТ на Си-Ен-Ен Дејвид Ален го опиша своето искуство за време на неговиот престој во село со иглу на Алпите.

Иглу-Дорф, или иглу-село, се наоѓа во три земји – Швајцарија, Австрија и Германија. Сместено е меѓу планините, опкружено со снег. Ален и неговото семејство престојувале таму во декември, а водителот им дал инструкции како да ја поминат ноќта во иглу, со оглед на ниските температури. Претходно се почестија со топло вино, чај и чоколадо во ледениот бар.

„Понесете дебели чорапи и авантуристички дух“

Домаќинот ги советувал да ја стават облеката што планираат да ја облечат следниот ден на дното на вреќата за спиење и да не спијат во ништо влажно. Вреќи за спиење биле наредени на душек кој бил поставен на огромен блок мраз. Во близина имаше бања и сауна, каде што гостите се обидуваат да се загреат пред спиење.

Ален во својата рецензија напишал дека нему и на неговото семејство не им биле обезбедени перници во иглуто, па затоа ставиле куп облека под нивните глави. Тој додаде дека му е ладно и дека е загрижен за семејството. Но, вели дека останатите посетители се облекувале потопло од нив и дека изгледале многу посреќно.

„Понесете дебели чорапи, чизми, добра капа за спиење, перница и авантуристички дух. Очигледно ни недостасуваа овие неколку неопходни работи“, заклучил тој.