Кошаркарскиот тим на Далас Маверикс синоќа ја победи Оклахома Сити Тандер со 127:106, и повторно многу добра партија одигра Лука Дончиќ.

Далас водеше од почетокот на играта и ја доби првиата четвртина со 33:24. Оклахома беше нешто подобра во втората четвртина, но тоа не беше доволно за да се затвори разликата и на полувреме заминаа со 71:63 за Далас.

Маверикс го решија натпреварот во третата четвртина, ја добија со 29:20, а уште тогаш беше јасно дека ќе забележат победа. Оклахома не успеа да се врати и да ја искомплицира играта, а Далас на крајот славеше со 127:106.

Екипата на Далас до нова победа ја предводеше одличниот Дончиќ кој постигна 25 поени, и додаде уште седум асистенции и три скока. Се истакна и Кристапс Порзингис со 20 поени, девет скока и пет асистенции.

Во тимот на Оклахома најефикасен беше Алексеј Покушевски со 21 поен, шест скока и две асистенции.

На синоќешните натпревари победа забележа и Вашингтон Визардс, кои беа подобри од Индијана Пејсерс со 132:124.

Овој натпревар го обележа нереалниот Расел Вестбрук кој постигна трипл-дабл. Вестбрук постигна 35 поени, а додаде дури 21 асистенција и 14 скока.