Кошаркарскиот тим на Далас Маверикс синоќа ја победи Оклахома Сити Тандер со 127:106, и повторно многу добра партија одигра Лука Дончиќ.
Далас водеше од почетокот на играта и ја доби првиата четвртина со 33:24. Оклахома беше нешто подобра во втората четвртина, но тоа не беше доволно за да се затвори разликата и на полувреме заминаа со 71:63 за Далас.
Маверикс го решија натпреварот во третата четвртина, ја добија со 29:20, а уште тогаш беше јасно дека ќе забележат победа. Оклахома не успеа да се врати и да ја искомплицира играта, а Далас на крајот славеше со 127:106.
Екипата на Далас до нова победа ја предводеше одличниот Дончиќ кој постигна 25 поени, и додаде уште седум асистенции и три скока. Се истакна и Кристапс Порзингис со 20 поени, девет скока и пет асистенции.
Во тимот на Оклахома најефикасен беше Алексеј Покушевски со 21 поен, шест скока и две асистенции.
На синоќешните натпревари победа забележа и Вашингтон Визардс, кои беа подобри од Индијана Пејсерс со 132:124.
Овој натпревар го обележа нереалниот Расел Вестбрук кој постигна трипл-дабл. Вестбрук постигна 35 поени, а додаде дури 21 асистенција и 14 скока.
Russell Westbrook’s historic night:
▪️ First 35+ point, 20+ assist triple-double in NBA history
▪️ NBA-record 4th 20+ point, 20+ assist triple-double
▪️ @WashWizards franchise-record 16th triple-double pic.twitter.com/K0At5vV10v— NBA History (@NBAHistory) March 30, 2021