Екипата на Далас Маверикс извојува голема победа над актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс со 116-113, а Лука Дончиќ одигра уште една блескава партија. Словенечкиот ас запиша 41 поен, а имаше и по 12 скока и асистенции за својот петти „трипл-дабл“ сезонава.

Advertisements

Сепак, клучната тројка на натпреварот со која Маверикси ја прекинаа серијата пораз, ја постигна Тим Хардавеј, кој натореварот го заврши со 22 поени, а Спенсер Динвиди додаде 14 поени.

Најефикасен кај Голден Стејт беше Стеф Кари со 32 поени, Џонатан Каминг имаше 14 поени и 10 скока, додека Дрејмонд Грин додаде 12 поени. шест скока и четири асистенции. Клеј Томпсон шутираше само 2-9 од поле за пет поени.

Њујорк го декласираше Детроит со 140-110, а најдобар беше Џулиус Рендл со 36 поени, седум скока и пет асистенции. Покрај него се истакнаа Грајмс, Берет и Бренсон со по 16 поени, додека Квикли додаде 15.

Кај Пистонс најефикасна беше Ајзеа Стјуарт со 19, а Бојан Богдановиќ постигна 13 поени.

Во последниот наторевар на денот, Клиперси ги совладаа Блејзерси во Портланд со 118-112, со извонреден меч на Норман Пауел со 32 поени. Реџи Џексон постигна 24 поени, со 7 скока и 12 асистенции, додека Ивица Зубац имаше 12 поени и 13 скока.

Клиперси направија голем пресврт во последниот дел, кој го добија со 19 поени разлика, а на крајот, одличната партија на Анферни Симонс не беше доволна за триумф на Блејзерси – 37 четири поени и четири асистенции. Одлични кај поразениот тим беа уште Џерами Грант со 32 поени и Јусуф Нуркиќ со 13 поени, 10 скока и 7 асистенции.