Правењето топено сирење во домашни услови е многу едноставно, а тоа е повкусно од купеното и не содржи хемикалии. Има конзистенција како вистинско топено сирење, но, е по здраво, бидејќи нема вештачки додатоци.

Ставете 500 г домашна урда во сад, додајте 1 јајце, 0,5 шолја сода бикарбона и 2/3 лажичка сол. За производот на крај да не биде зрнест, матете со миксер или блендер. По матењето базата треба да е хомогена смеса, густа како кисела павлака.

Земете тенџере кое е поголемо од садот со смесата и ставете вода, па над него ставете го садот со смесата, само да не допира во водата. Ставете на шпорет да проврие водата, па намалете ја температурата и мешајте постојано.

По 10 минути основата за топено сирење ќе стане течна, тоа значи дека почнала да се топи. Не престанувајте со мешање и продолжете да варите.

По 10-15 минути смесата ќе се згусне и ќе стане леплива. Ако сакате може да додадете мелени зачини, лук и сол. Извадете го садот тенџерето со вода и префрлете ја смесата во соодветен сад премачкан со путер. Кога ќе се излади сирењето ставете го во фрижидер да се стегне, па можете да го мачкате на крцкаво лепче.