Оние кои ги мачи пролетната алергија добро ги знаат нејзините симптоми – нервоза, затнати синуси, чувствителни и насолзени очи…

Секако, симптомите кај секого се различни, но поголем број на луѓе истакнуваат дека чувствуваат хроничен замор.

Пролетната алергија може да го наруши квалитетот на животот и да го отежне извршувањето на секојдневните обврки. За среќа, постојат различни начини за соочувањето и спречувањето на алергијата, а доколку го преферирате природниот начин, пробајте ја оваа вкусна напивка која ќе ги ублажи симптомите.

За да ја подготвите напивката потребно е:

  • 1 морков
  • 2 портокала
  • половина краставица
  • неколку листови нане
  • 20 гр свеж корен од ѓумбир

Измијте ги убаво сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Уживајте во оваа вкусна напивка пред секој оброк.