Не е домаќинско работење граѓаните сами да си ги плаќаат тестовите и заштитната опрема. Експертската јавност реагира на ставовите на Владата дека не сме добиле помош од солидарниот фонд на Европската Унија поради тоа што сме работеле домaќински и наместо 30 сме потрошиле само 7 милиони евра.
Од 560.000 тестови граѓаните биле принудени сами да си платат околу 250.000 за што потрошиле над 10 милиони евра, што е повеќе од вкупниот трошок на Владата. Експертите велат, Владата штеди, граѓаните ги покриваат трошоците. Апелираат тестовите да станат бесплатни, објави Сител ТВ.
Како што објави оваа телевизија, трошоците за тестови се само почеток за оние кои ќе се заразат со Ковид. Лечењето во приватните клиники чини цело богатство, а и ако треба дома да се лечите сами, една просечна плата најчесто не е доволна.