Партон изјави дека при формирањето на нејзниот препознатлив стил се инспирирала од локалната блудница која носела шарени здолништа, деколтирани блузи и црвен кармин.

Доли Партон за „WSJ.Magazinе“ открива како се облекува кога никој не ја гледа. Дивата на кантри музиката изјави дека никогаш не носи тренерка.

Instagram
Instagram

Носам фустани и по дома, а ако ми застуди си ставам јакничка или маичка. Ги викам „бебешки алишта“ бидејќи се меки како бебе“, вели Доли.

Партон призна дека и покрај препораките на дерматолозите и козметичарите спие со шминка, а ја брише дури наутро.

Не знам дали ќе има земјотрес или торнадо, а не сакам да трчам од дома ноќе без шминка. Исто така, кога ќе дојдам дома не ја бришам шминката за да не мора мојот кутар сопруг да ме гледа таква“, вели кантри пејачката.

Доли и нејзниот сопруг живеат во Брентвуд во државата Тенеси. Доли откри дека нејзниот препознатлив стил е инспириран од локалната блудница.

Носеше шарени здолништа и деколтирани блузи, имаше црвен лак на ноктите, црвен кармин и високи потпетици. Ми беше најубавото нешто што сум го видела. Сите ја нарекуваа „ѓубре“, а јас се заколнав дека тогаш тоа ќе станам и јас“, се смее Доли, зборувајќи за градската блудница.