Музичката кантра ѕвезда Доли Партон ја прими вакцината против коронавирусот. 75-годишната пејачка се пофали со веста на социјалните мрежи.

Доли доби доза од сопствениот лек“, пишува во описот на видеото.

А пред да се вакцинира, им се обрати на обожавателите ширум светот за да ги мотивира да го направат истото.

Конечно ќе ја примам вакцината, возбудена сум. Веќе некое време чекав, доволно сум стара и паметна да ја добијам вакцината. Сакам да ви кажам на сите дека и вие треба да го направите истото. Мислам дека сите сакаме да се вратиме во нормала, каква и да е. Само сакам да ги охрабрам сите, бидејќи штом почнеме да се чувствуваме подобро, побрзо ќе се вратиме во нормала“, истакна Доли.

Ѕвездата ја прими вакцината во Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, Америка. За потсетување, минатата година Доли Партон донираше еден милион американски долари на истоимениот универзитетот за истражувања и развој на вакцината „Moderna“.