На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.
Advertisements
Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.
Цената на нафтата од утрово благо расте. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар од утринава изнесува 106 долари, што е зголемување за речиси 2 отсто во однос на претходните денови. Во пораст е и цената на барелот на американскиот пазар и изнесува 102 долари, пренесува „The oil price“.