Доларот денеска се задржа близу дведеценскиот врв во споредба со преостанатите главни светски валути, пред неделата во која се очекуваат одлуки на Централната банка во Вашингтон. Индексот на доларот, кој ја мери валутата во однос на шест други валути, беше за 0,2% посилен од петокот – на 109,84, консолидирајќи се по нестабилните неколку недели откако достигнаа до 110,79 на 7 септември за прв пат од средината на 2002 година. Инвеститорите предвидуваат повисоки каматни стапки во САД и посилен долар, бидејќи растот на потрошувачките цени во САД се покажа упорен.

Прикажи повеќе