Лекарка која е со потекло од Македонија, а веќе подолго време живее и работи во Хрватска, се вакцинирала против Ковид 19. Ја примила вакцината на Фајзер во две дози. Таа за „Слободен печат“ го опиша искуството и вели дека немала никакви нус појави.

Првата доза ја примив на 27 декември, а втората на 18 јануари. Првиот пат имав лесна болка на местото на убодот. По примањето на втората доза немав ни болка. Нус појави и несакани дејства немав, вели Младеновска.

 

Како што вели, работи како доктор во Здравствен дом Оточач, во личко сењската жупанија во Хрватска. Нејзината работа, еднаш неделно вклучува и ангажман во Центарот каде што се прават ПЦР тестови