Прашање на време е кога омикрон сојот на коронавирусот ќе влезе во нашата средина. Додека случаи нема, можеби треба да се преземат превентивни мерки.

-Евентуални мерки на границите нема да придонесат многу оти омикрон веројатно е тука некаде. Индивидуалните мерки и вакцините остануваат единствените мерки кои функционираат, вели д-р Петличковски од Институт за имунобиологија и хумана генетика за Утрински брифинг.