Доктор Никола Пановски, професор на Медицинскиот вели дека треба да се вакцинираат по 5000 луѓе дневно за да се стигне капацитетот на вакцинирани кои што го постирна Израел, држава прва во светот по процентот на вакцинирано население.
Во оваа држава според последните информации бројот драстично падна, а проценките се дека тоа е поради вакцинацијата. Според најавите, кога ќе пристигнат вакцините кај нас максималниот капацитет за вакцинација на дневно ниво ќе биде 2500 лица.
– Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот. Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани.А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена, изјави доктор Пановски за Слободен печат.