Доктор Дејан Докиќ во изјава за медиумите вели дека британскиот сој се шири побрзо, пациентите полесно заболуваат, а како подобра заштита, освен другите добро познати мерки, препорачува носење по две хируршки маски или една на КН95. Воедно порачува дека вакцините против Ковид 19 се безбедни.
Британскиот сој се шири полесно бидејќи има мутација, истото се однесува и на Бразилски и Јужноафриканскиот сој. Пациентите полесно ќе заболуваат. Сметам дека носење две хируршки маски или маска КН-95 ќе дадат поголема безбедност. Не можеме да кажеме дали потешката клиничка слика е поради мутираниот сој или задоцнето доаѓање во болница“, рече доктор Докиќ.