Доктор Дали Лала, педијатар во „One Hospital“ дава стручен осврт на тоа кои се некои од симптомите кај секое дете со аутизам, и како се дијагностицира, третира и превенира.

Зборот „аутизам“, за првпат е употребен од страна на австрискиот психијатар Лео Канер во 1943 година, а води потекло од грчкиот збор „автос“, со значење „себе“, т.е. „изолиран во себе“ (анг. „self isolated“).

Спектарот на аутизмот во тек на последните 25 години има тренд на континуирано покачување. Ако во 1996 година од аутизмот било зафатено само едно дете на 1.000 дечиња (1:1000), до 2005 година преваленцијата се покачила до нивото од 5 зафатени деца на 1.000, т.е. (5:1000).

Кај секое дете со аутизам, ги имаме некои од следните симптоми:

а) – РЕДОВНО се присутни некои од карактеристичните симптоми за первазивните развојни нарушувања, додека видот и бројот на овие симптоми, како и времето (хронолошка доба) кога тие се појавуваат, се во тесна зависност со интензитетот на оштетувањето на мозокот (местото и зафатеноста), а кои ќе бидат таксативно наведени подолу.

б) – НЕРЕДОВНО, симптоми од страна на ГИТ (запек, повраќање, анорексија), ендокриниот систем (гојазност), невролошки симптоми (епилепсија, мускулни спазми), како и психијатриски симптоми (ментална субнормалност, диссомнија, анксиозност, депресија, АДХД, опсесивно-компулсивни растројства).

Овие симптоми, гледано од хронолошкиот аспект, го имаат следниот распоред:

На 6-месечна возраст, мало или никакво смеење или други топли, радосни експресии на лицето и телото; ограничен или никаков контакт со очите;

На 9-месечна возраст, мал или никаков одговор кон гласови и звуци, ниту смеење или други фацијални експресии;

На 12-месечна возраст, мало или никакво гугање; мала или никаква гестура (покажување со прст, фаќање предмети, поздравување); мал или никаков одговор при повик на неговото име.

На 16-месечна возраст, има неколку зборови или ниту еден збор.

На 24-месечна возраст, многу мал број зборови, или неразбирливи фрази од два збора.

На секоја возраст, сите други знаци карактеристични за нарушувањето на социјалното однесување, социјалната комуникација, како и стереотипните знаци.

ДИЈАГНОЗА:

Со оглед на фактот дека само рано аплицираната терапија може достатно да го повлече детето од „кафезот на аутизмот“ во реалниот свет, принудени сме за континуирано следење на психомоторичниот развој на доенчето и децата до тригодишна возраст, а заради препознавње на евентуалните рани симптоми на аутизмот.

Во споредба со досегашната рутина на месечното следење на психомоторичниот развој на доенчето, како и прегледи само по двапати во тек на втората и третата година на животот, токму заради раното откривање на аутизмот во тек на втората или почетокот на третата година од животот (обично аутизмот клинички се обликува од 18-месечна возраст од животот), се препорачува следење на психомоторичниот развој на детето на секои три месеци во тек на втората и третата година од животот, време кога аплицирањето на АБА-терапијата би требало веќе да е започната и/или дури и реализирана, временски период кога има најдобри резултати во правец на намалување на знаците на аутизам.

Методи на третирање на аутизмот:

– ESDM (Early Start Denver Model);
– Floortime;
– Occupational therapy (OT);
– Pivotal Response Treatment (PRT);
– Relationship Development Intervention (RDI);
– Speech Therapy;
– TEACCH;
– Verbal Behavior;
– HBOT (Hyperbaric Oxygen Therapy);
– Musical Therapy;
– Neuro feedback;
– Piktografski rituali.

ПРЕВЕНЦИЈА:

⦁ Аутизмот кај семејствата со аутистично дете со докажано генетско наследно потекло, импонира и реализирање на генетско советување за можноста за појава на аутизмот кај идните деца од ова семејство.

⦁ За спречување на појавата на аутизмот предизвикуван од надворешните фактори, потребен е преглед на потенцијалната идна мајка од страна на гинеколог, пред забременувањето и редовно во тек на бременоста.

Доктор Дали Лала, педијатар
„One Hospital“