Доколку во последно време и не се чувствувате баш најдобро, ве мачи несоница, се чувствувате напнато и имате сè позачестени панични напади, сето тоа можеби е резултат на недостатокот на витаминот Б6 во телото.
Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа.
За жал, анксиозноста денес практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со неа, но други ги „држи“ многу долго.
Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, лицето чувствува страв, паника и е спречено нормално да функционира. Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира.
Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па лицето не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото.
Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи.