По цели 21 година, од вечерва на полноќ, се разбира доколку не се случи чудо во овие неколку часа, Лионел Меси нема да биде во сопственост на Барселона. Неговиот договор со каталонскиот тим за кој потпиша пред 21 година истекува вечерва на полниќ.
Пред почетокот на минатата сезона Меси побара да замине, Барселона тоа не го дозволи, бараше обештетување од дури 700 милиони евра, а со оглед на тоа дека никој не сакаше да ја плати сумата, тој остана во Барселона.
ПСЖ, Манчестер Сити, се клубовите за кои се спомнува дека Меси би можел да ја продолжи кариерата. Сепак, каталонските медиуми најавуваат дека многу е веројатно дека Аргентинецот ќе го продолжи договорот бидејќи Барселона има ново раководство.
Во дресот на Барса, Меси постигна 672 гола и 305 асистенции на 778 одиграни натпревари.