Потпишувањето на договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни“, соопштија од канцеларијата на ЕУ во Скопје.
За време на денешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава, во Владата ќе биде потпишан договорот со Фронтекс на македонски јазик, соопштија денеска од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава.