Целиот регион е погоден од светската енергетска и здравствена криза, а последиците од тоа најмногу ги погодуваат најранливите категории на граѓани. Сепак, со навремените одлуки на Владата, стандардот на граѓаните на Северна Македонија останува најзаштитен, велат од Владата.
Како што велат од Владата со намалувањето на акцизите и ДДВ на горивата, но и укинувањето на ДДВ на основните прехранбени продукти, се заштитува буџетот на нашите граѓани, со цел полесно да се помине кризата и побрзо да се опоравиме од истата.
-Северна Македонија продолжува да ја има најниската цена на дизел горивото во регионот. Литар дизел во земјава чини 79 денари или 1,28 евра, што е убедливо пониско од соседните земји.
Во Црна Гора граѓаните за литар дизел издвојуваат 1,47 евра, во Бугарија 1,48, додека во Косово литар дизел чини 1,5 евра. Во Србија и Хрватска дизелот е 1,55, односно 1,59 евра, додека највисоки се цените во Албанија и Грција. Во Албанија за литар дизел се потребни 1,7 евра, додека во Грција дури 1,99.
Но освен грижата за недозволување на светската криза да ги погоди семејните буџети, Владата исто така ја покачи и минималната плата и обезбеди нова методологија за раст на пензиите.
Во наредните три месеци сите пензионери во државата ќе добијат по илјада денари финансиска поддршка, а со новата методологија од септември тие ќе се усогласуваат со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата во држава, велат од таму.