Ако сте љубител на сирења и кашкавали, сигурно често купувате поголема количина, па се случува да ви остане и по некое парче подолго време, дури и по рокот за употреба. Не сте сигурни дали треба да го изедете или да го фрлите.
Прво треба да знаете дека ако на производот пишува „најдобро до“ нема врска со безбедноста, односно тоа е датум до кој е идеално да го консумирате производот во најдобар квалитет. Најчесто ова ги доведува луѓето во заблуда и се фрла храна безбедна за јадење. На овој начин годишно во светот се фрла храна во вредност над 161 милион долари.
Тврдите кашкавали се безбедни за јадење
Прво треба да обрнете внимание на изгледот, миризбата и вкусот. Дали е кашкавалот добар за јадење, ќе знаете веднаш по првите два фактора. Но, ако на изглед и мирис ви се чини дека е добар кашкавалот иако му поминал рокот на употреба, каснете мало парче и ако ви се чини дека има лош вкус, фрлете го.
Кога станува збор за тврди кашкавалот како пармезан, рокот на траење е повеќе предлог отколку како точен датум кога веќе не е за јадење. Според стручните лица, ако се појави мувла на тврд кашкавал, тогаш доволно е со нож да го исечете тој дел и да го фрлите, а остатокот да го изедете. При чистење отсечете за еден сантиметар подлабоко, за да сте сигурни дека добро сте ги исчистиле расипаните делови.
Меките сирења фрлете ги
Меките сирења многу полесно се расипуваат. Прво не можете да ги замрзнете, затоа што по одмрзнување ќе им се уништи структурата, па затоа најдобро е да ги јадете свежи. Кога станува збор за нивниот рок на употреба, најдобро е да сте многу внимателни. Меките сирења како бри, моцарела, крем-сирење, рикота, траат само една до две недели во фрижидер. После тоа треба да ги фрлите. Затоа најдобро е да ги купувате по потреба и во мали количини.