Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Исплатата на пензиите со висина до 11.000 денари ќе се изврши денеска, а утре ќе има исплата на пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари.
За пензионерите кои добиваат пензија со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе се изврши в среда. В четврток ќе има исплата на пензии со висина над 18.001 денари.
-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, потсетуваат од Министерството за труд и социјална политика.