Европската куа на фудбалот УЕФА со сите сили се бори на ЕП кое се игра ова лето да има навивачи. Засега добро им оди. Баскиската влада потврди дека дала зелено светло на стадионот „Сан Мамеш“ да има присуство на публика, односно 25 отсто од капацитетот на стадионот. Тоа е околу 13 илјади навивачи. „Сан Мамеш“ ќе биде домаќин на мечевите на Шпанија против Шведска (14-ти јуни), Полска (19-јуни) и Словачка на (23 јуни). Исто така и еден меч од осминафиналето ќе биде одигра на овој стадион.
Ден претходно, италијанската влада дозволи публика, но не се знае колкав ќе биде процентот. На „Олимпико“ во Рим селекцијата на Италија ќе игра против Турција (11 јуни), Швајцарија ( 16-ти јуни) и Велс (20-ти јуни). Последниот меч кој треба да се одигра на „Олимпико“ е еден четвртфинален дуел на 3-ти јули.
Засега се уште нема конкретна одлука од властите во Романија, каде Македонија ќе одигра два меча. Имено, со Австрија отвораме на 13-ти јуни во Букурешт, потоа на истиот стадион на 17-ти јуни играме против Украина, а групната фаза ја завршуваме против Холандија во Амстердам на 21 јуни.
ЕП се игра од 11-ти јуни до 11-ти јули.