Кинеската компанија Синовак соопшти дека прелиминарните податоци покажуваат оти нејзината вакцина против коронавирус е безбедна за деца на возраст од три до 17 години.
Компанијата наведува дека доставила податоци до кинеските регулатори на лекови.
Кина ја одобри употребата на оваа вакцина кај возрасни, но не и кај деца, бидејќи, нивниот имунолошки систем може различно да реагира на вакцината.
Медицинскиот директор на Синовак, Ганг Зенг, на прес-конференција рече дека клиничките испитувања во рана и средна фаза, во кои учествувале повеќе од 550 лица, покажале дека вакцината ќе предизвика имунолошки одговор.
Тој додаде дека двајца приматели на вакцината имале висока температура.
Како што прецизираше, станува збор за едно дете од три години и едно од шест години.
Другите испитаници имале благи симптоми
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.