Менче Трповска, девојката која денеска преку социјалната мрежа фејсбук побара хуманитарна помош за нејзината операција на колкот, ги собра потребните финансиски средства за неполни 24 часа, јавува Прес 24.

Таа на својот фејсбук профил ја сподели веста со сите хумани граѓани:

„Другари, најпрекрасни сте. Не ви беа потребни ни 24 часа за да ја собереме потребната сумааа. Споделете обавезно да знаат луѓето. Ве обожавам!“-напиша Менче.

Инаку на Менче, потребна и е итна операција на колкот поради компликации која не може да се изведе на клиника, поради тоа што немаат материјали. Таа е на штаки, а има и големи болки кои и прават проблем за нормално да функционира. Потребни и беа 9.000 евра за да се направи операција во Систина.