Кога овие знаци ќе се спојат, има искри на сите страни.

Рак и Јарец
Врската меѓу чувствителните Ракови и доминантните Јарци лесно може да ја изгуби својата магија, затоа што Раковите ќе чувствуваат дека Јарците ги игнорираат, а на Јарците ќе им пречи зависноста и чувствителноста на Раковите. За да ја одржат врската треба да се посетат дека не се само партнери, туку и љубовници.

Лав и Водолија
Кога кралот Лав, ќе ја сретне уникатната Водолија, која не се поклонува пред ничиј авторитет ќе полетаат искри на сите страни. Бунтовност на Водолијата ќе го фасцинира Лавот, а Водолијата ќе се восхитува на неговата харизма. Врската ќе опстане ако и двете страни се заинтересирани за повремено повлекување од друштвото.

Девица и Риби
Енергијата е фатална кога ќе се спојат практичните Девици кои сакаат ред и распоред во животот со Рибите кои пливаат низ животот за да избегаат од рутината. Девиците ќе им помогнат на Рибите во организација, а Рибите ќе им покажат на Девиците како да се опуштат.
Нивната врска ќе опстои само со прилагодливост од двете страни и со чести разговори.

Овен и Вага
Овните и Вагите уште при нивната прва средба ќе почувствуваат силна привлечност. Сепак со тек на време ќе се јават проблеми, затоа што пристојното однесување и животот по правила ќе му одат на нерви на Овенот, а Вагата цело време ќе се труди да го „цивилизира“.

Бик и Скорпија
Кога сензуалните Бикови ќе се опуштат пред Скорпиите и ќе ја увидат нивната страст за животот, доаѓа до страсна врска. Но сепак конфликтите меѓу нив се неизбежни. За да ја спасат врската ќе треба страста повремено да ја изнесат од дома и ја насочат кон заедничко дружење со пријателите.

Близнаци и Стрелец
Освен физички, овие два знака се привлекуваат и ментално. Љубопитните Близнаци и филозофски настроените Стрелци лесно се фасцинираат и во состојба се со часови да разговараат за сѐ и сешто. Сепак, проблемите настануваат кога Близнаците почнуваат да се нервираат поради ставот на Стрелците дека знаат сѐ, а на Стрелеците им пречи што Близнаците се површни и сакаат да разговараат.