Пред распишувањето на локалните избори се добиени согласности за најавената распределба на професионалните војници со наполнети 45 години во други институции, но тоа ќе се операционализира по завршување на изборите. Како што изјави државниот секретар Драган Николиќ за реализација на добиените согласности војниците ќе мора да чекат да помине изборниот период.

„Министерството за одбрана како никогаш досега го решава статусот на професионалните војници со исполнети 45 години возраст во насока на изнаоѓање системско решение за нивната егзистенција. За професионалните војници кои изразуваат незадоволство што се уште се во Министерството за одбрана, а не се распоредени во институциите, сакам да известам дека непосредно пред прогласување на изборите ги добивме сите согласности во насока на нивно решавање во други институции, но заради определнеите пречки во изборниот период нивното решение ќе остане по завршувањето на изборите“, истакна Драган Николиќ.