На самиот почеток на месецот, на 5 декември 2025 година, на небото во Близнаци нè очекува полна супермесечина, воедно и последната полна месечина за оваа година. Близнаците се поврзани со мисли, комуникација, информации, но и со тој тивок внатрешен дијалог што го водиме со себе секој ден. Затоа оваа полна месечина не носи само настани, туку и сосема нова перспектива за она што веќе се случува.
Оваа супермесечина ќе донесе одредено подобрување кај сите знаци на хороскопот, но овие четири знаци ќе бидат особено среќни.
Близнаци
Време е Близнаците да излезат од својата зона на удобност и да се соочат со нешто ново. Сега е идеален момент да започнете да го правите она што долго време сакавте да го правите, но го одложувавте. Енергијата на супермесечината ви дава ветер на грб. Речиси сè што замислувате, ќе го постигнете со леснотија.
Ситуациите што изгледаа хаотично конечно се ставаат во ред. Работите во вашиот живот полека си доаѓаат на свое место.
Поволниот однос на Меркур со Јупитер и Сатурн обезбедува конкретна поддршка – шанса за договор, потпис, соработка или нова можност што сте ја посакувале. Среќата доаѓа кога ќе кажете што сакате гласно и ќе застанете зад тоа.
Вага
Бидејќи Венера, вашиот владетел, е во Стрелец, среќата доаѓа преку проширени хоризонти. Можни се и „случајни“ средби што го менуваат текот на настаните, вистински информации во вистинско време или инспирација што решава дилема што ве следи долго време.
Кога станува збор за работа, поволните околности доаѓаат преку мрежа на луѓе, контакти од далеку, онлајн проекти и соработки што одат надвор од вообичаената рамка.
Идеално време е за стекнување нови вештини, учење и патување.
Водолија
Бидејќи оваа Месечина е во знакот на Близнаци, им дава на Водолиите вистински ветер на грб. Инспирацијата ќе биде на високо ниво. Ова е период на креативност, љубов, радост, игра, хобија и проекти што го носат вашиот личен печат.
Расположението ќе биде на врвот во наредните денови. Водолиите се враќаат на нешто што отсекогаш го сакале, но го занемариле.
Нема да им недостига среќа ниту на полето на љубовта. Можеби ќе се решат некои комплицирани врски, можеби ќе се направат смели потези, но не е исклучено ниту ново, интересно познанство.
Стрелец
Сонцето, Венера и Марс се на страната на Стрелецот, па сè ќе им оди непречено. Некој може да понуди соработка, да се врати во вашиот живот, да ви отвори врата за проект или да ви помогне да решите нешто што ве оптоварува долго време. Сè на сè, каде и да се свртите, вратите ќе ви се отворат сами по себе.
Искористете го добро овој период за да напредувате.
Текстот Доаѓа последната супермесечина за оваа година: на кои знаци им се менува животот е превземен од МАКФАКС.























