Како стигнуваат, така се распоредуваат вакцините низ пунктовите, а освен последните 10.000 дози „Фајзер“, до Велигден треба да ги имаме и 200.000 кинески вакцини на „Синофарм“ што првично ќе се сместат во фрижидерите на поликлиниката „Јане Сандански“, вели Министерот Венко Филипче. Освен во Скопје, масовна имунизација ќе се врши и во шест градови низ земјава, а спортските сали во Охрид и Штип веќе се подготвени.
Според Министерот Филипче процесот на имунизација се одвива добро, а планот за понатамошниот тек вклучува масовна имунизација со брзина од 7 -10.000 вакцинирани дневно. Една од опцијата е да се повикуваат дирекно граѓаните на вакцина,појаснува Филипче.
Засега Националниот Комитет за имунизација нема став за тоа што со оние граѓани што се вакцинирани со прва доза „Астра Зенека“ а се помлади од 60 години. За нив нема опција во Македонија да го завршат процесот на имунизација ниту со вакцина од друг производител , туку втора доза „Астра Зенека“ ќе треба да примат во Србија.
Сепак, сите над 60 годишна возраст ќе можат да се вакцинираат дома, а исто така и оние што во Србија примиле прва доза вакцина од друг производител.