Артан Груби е тенекија, во него нема ниту еден „карат“ вредност, изјави поранешниот потпретседател на ДУИ и актуелен член на „огнената група“ Невзат Бејта во интервју на Алсат.

На тоа Груби во изјава „од нога“ му одговори на Бејта само дека како на сопартиец му посакува добро здравје. Репликите во ДУИ  се засилија откако лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари изјави дека или ќе влезат во Владата или ќе бараат брзи избори. Лидерот на ДУИ Али Ахмети продолжи да зборува за создавање „сојуз за Европа““ фронт од партии за промена на Уставот.