Жаклина Чагоровска, од Националниот електроснки систем „Мој термин“ во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 изјави дека до утринава преку веб страницата вакцинација.мк се пријавиле над 20 илјади граѓани. Министерот Филипче, пак, вчера порача дека во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените лица и лицата над 70 години.
-Од вчера попладне од кога почна пријавувањето за вакцинација, над 20.000 граѓани досега пројавиле интерес за вакцинирање. Ќе ги следиме бројките, ќе правиме анализа. Системот беше тестиран, па поради големата заинтересираност процесот направи проблем при добивањето на кодот од телефонските оператори. Разговаравме со операторите да овозможиме повторно да се нормализира пријавувањето, вели Чагоровска.