
Бројот на загинати во поплавите во Германија достигна 133, со што досега, вкупно се евидентирани 160 жртви во Западна Европа.
Полицијата во покраината Рајнска област-Пфалц соопшти дека веќе има 90 загинати – 27 повеќе од вчера. Стотици луѓе во регионот се водат како исчезнати. Во соседната провинција Северна Рајна-Вестфалија, досега е потврдена смртта на 43 лица.
Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе ги посети погодените области. Најмалку 25 лица загинаа во поплавите во Белгија, покажуваат последните податоци.