Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.
До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Извор: УХРМ
Текстот До сабота натпросечни температури над 40 степени, од недела дожд е превземен од МАКФАКС.