Колекторскиот систем на станицата за прочистување на отпадни води во Дојран, која долги години работи со еден блок, е во завршна фаза на реконструкција и се очекува сезонава станицата конечно да профункционира со полн капацитет, најави денеска градоначалникот Анго Ангов.
За реализација на проектот ќе бидат инвестирани 300.000 евра што ги обезбеди Министерството за животна средина преку тендерски постапки кои се во завршна фаза и ќе овозможат зајакнување на системот за прочистување и поголема заштита на Дојранското езеро.
– Моментално решаваме горлив децениски проблем со што ја потврдуваме нашата грижа за заштита на езерото. Работиме и на други проекти за заштита на животната средина преку ИПА програмите за прекугранична соработка кои се финансиски подржани од ЕУ фондовите, нагласи Ангов.
Преку еден од проектите, локалното јавно комунално претпријатие ќе добие камион, канти за отпад за секое семејство и специјални контејнери за селектирање на комуналниот отпад.