Премиерот Зоран Заев денеска најави дека до крајот на април во земјава ќе стасаат 300.000 вакцини против ковид-19. На денешната прес-конференција за економските мерки и политики на Владата, одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека од наредната недела ќе почнат да пристигнуваат вакцини од повеќе производители.
„Околу 20.000-25.000 наредната недела очекуваме да добиеме од Европската унија во рамките на пакетот од 650.000 вакцини за цел Западен Балкан. Месецов треба да стасаат и првите количини на ‘Фајзер’ од директниот договор што го имаме со оваа компанија, како и втора пратка од Ковакс механизмот на вакцини ‘АстраЗенека’. Исто така, овој месец очекуваме и 200.000 дози од кинеската ‘Синофарм’, како и поголем дел од руската ‘Спутник’ од директниот договор што го имаме со нив“, рече премиерот Заев, на прес-конференцијата за ефектите од досегашните четири пакети економски мерки